Калорична бомба: Најдобрата солена торта

Калорична бомба: Најдобрата солена торта

Воздухот мириса на зима, а зимата бара калорична храна. Затоа – уживајте!

Состојки:

  • 10 печени пиперки
  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 200 гр мајонез
  • 200 гр крем сирење
  • 200 гр шунка Пекабеско
  • 2 варени јајца
  • 1 пакување тост кашкавал
  • 100 гр кашкавал
  • масло
  • неколку цели маслинки
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Печените пиперки излупете ги, отстранете ги семките па испоховајте ги. Кога ќе се изладат редете ги во огноотпорен сад, а преку нив намачкајте фил од павлака, мајонез и крем сирење.
  2. Потоа ставете кругови шунка, па повторно ред пиперки, па фил, па кашкавал, па фил и на крај изрендајте кашкавал и варени јајца. Украсете со маслинки и магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт