Домашни вкусни мекици по оригинален стар рецепт

Домашни вкусни мекици по оригинален стар рецепт

Направете највкусни мекици по оригинален рецепт…

Состојки:

  • 1/2 кг брашно
  • 300 мл млака вода
  • 1 кесичка сув квасец (7 гр)
  • 1/2 лажичка сол
  • масло или маст за пржење

Начин на подготовка:

  1. Просеаното брашно измешајте го со квасец, додајте сол, млака вода и замесете тесто малку поретко од она кое го правите за леб. Месете го тестото со дрвена лажица додека не почне да се одвојува од ѕидовиете на ванглата. Покријте со чиста крпа и оставете да нарасне. 
  2. Во подлабок сад ставете доста масло, загрејте го, намалете ја температурата и пржете го тестото – мекиците. 
  3. Рацете навлажнете ги во вода, од нараснатото тесто кинете парчиња, развлечете ги во саканите облици, ставајте ги во загреано масло и пржете ги од двете страни 3-4 минути. 
  4. Пржените мекици ставете ги на кујнска хартија за маслото да се исцеди. Послужете со сирење, кисело млеко, јогурт…

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта