Одличен за сите кои имаат премногу обврски!
Состојки:
- 2 чаши кисело млеко или густ јогурт
- 1,5 чаша шеќер
- 2,5 чаши брашно
- 1 чаша масло
- 100 гр кокосово брашно
- 1 прашок за печиво
- 200 гр чоколадо за глазура
- кокос за украсување
Начин на подготовка:
- Сите состојки измешајте ги да добиете еднолична смеса, излејте во плех или калапи за мафини и ставете да се пече на 180 степени 15-20 минути, додека не добие убава златно-кафеава боја. Проверете со чепкалка дали тестото е печено.
- Кога малку ќе се излади, од горе прелијте со растопено чоколадо и посипете со малку кокосово брашно.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта