Колач со кокос и кисела вода – рецептот ќе ви го бараат сите

Колач со кокос и кисела вода – рецептот ќе ви го бараат сите

Преубав и посен колач со арома на портокал.

Состојки:

  • 450 гр. брашно
  • 1 лажичка сода
  • 200 гр. шеќер
  • 1 смрзнат портокал
  • 350 мл. кисела вода
  • 70 мл. масло

Фил:

  • 200 гр. шеќер
  • 100 мл. вода
  • 1 ванилин шеќер
  • 80 гр. кокос
  • 100 гр. мелени бисквити
  • 2 лажици џем од кајсии
  • 100 гр. чоколадо со масло за глазура

Подготовка:

  1. Се меша брашното со сода, шеќер, се ренда портокалот и се става, па се става масло со кисела вода.
  2. Се меша смесата и се става на плех подмачкан со масло и се пече на 200 степени додека не порумени.
  3. Се варат вода и шеќер, се додаваат бисквити, кокос и џем.
  4. Врелиот фил се премачкува на колачот, се мачка брзо бидејќи лесно се стега.
  5. Се топи чоколадото со масло и се става горе.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

 

 

singlepost_text