Ароматична, вкусна и топла чорба за есенските денови, решение за многу ситуации.
Главна улога во неа има кралицата на есента – тиквата.
Состојки:
- 1 лажица маслиново масло
- 1 главица кромид
- 2 лажички ким
- 1,2 кг. тиква
- 1 л. пилешка супа
- 3 лажици кисела павлака
- 1 чешне лук и сол
Подготовка:
- Се лупи тиквата и се чисти од семки, па се сече на мали делови.
- Се пржи ситно сечениот кромид на маслото, па се додава лукот и ким, и се динста уште две три минути, па потоа се става тиквата, се меша, па се додава супата.
- Се крчка се 20 минути заедно, додека не омекне тиквта.
- Се става се во блендер со павлаката и сол и се ситни.
- Се сервира со павлака.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт