Домашни бајадери готови за 20 минути – повкусни од тие во продавница

Домашни бајадери готови за 20 минути – повкусни од тие во продавница

Направете брзи домашни бајадера колачиња готови за 20 минути. 

Состојки:

  • 9 лажици вода 
  • 200 гр. шеќер 
  • 150 гр. мелени ореви, бадеми или лешници 
  • 250 гр. мелени бисквити 
  • 170 гр. маргарин 
  • 100 гр. чоколадо за готвење 
  • 100 гр. чоколадо за глазура и масло

 

Подготовка:

  1. Се ставаат водата и шеќер во лонец, се загреваат и се меша додека шеќерот целосно не се стопи. 
  2. Се додава маргарин и се трга од оган.Кога смесата е потполно оладена се ставаат мелените ореви, лешници или бадеми, бисквити и се меша додека не се соедини. 
  3. Се дели на два дела смесата. Се топат 100 грама чоколадо на пареа и се става чоколадото во првиот дел, па на масна хартија за печење се става првиот дел со чоколадо, па врз него светлиот дел. 
  4. Се топи останатото чоколадо со масло и се става горе. 
  5. Се лади, сече и служи.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text