Направете вкусни плескавици со телешко месо.
Состојки:
- 200 гр. мелено месо
- 1 црвена пиперка
- 1 лист блитва
- 1 парче кашкавал
- сол, бибер и вегета
Подготовка:
- Се посолува меленото месо и се остава да отстои малку.
- Се пече и чисти пиперката, па се попарува блитвата во врела вода.
- Се меша вегета со бибер и сол и се става на пиперката и исцедената блитва.
- Се прават топчиња од месо, се ставаат на намастена хартија се притискаат со даска за сечење.
- Се става пиперка, блитва и кашкавал и се става горе втора плескавица.
- Се пржат на врело масло.
НАПОМЕНА: Ова се мерки за една плескавица
Добар апетит!