Пекабеско ве води во најголемиот забавен парк Лизберг во Шведска  – Вклучи се во наградната игра „Пекабета за цело семејство“

Пекабеско ве води во најголемиот забавен парк Лизберг во Шведска – Вклучи се во наградната игра „Пекабета за цело семејство“

Со незаборавни возења и атракции, земја на зајаците, игри и тркала на среќата, храна, пијалаци, места за пикник и забава на сцената и во театарот, Лизберг нуди по нешто за секого во текот на целата година. Со други зборови, наголемата забава во Скандинавија се случува во Гетеборг!

Лизберг е забавен парк лоциран во Гетеборг, Шведска, кој постои од 1923 година. Тој е еден од најпосетуваните забавни паркови во Скандинавија, привлекувајќи дури три милиони посетители годишно! Меѓу позначајните атракции е дрвениот ролеркостер “Balder”, кој два пати досега бил прогласен за најдобар во светот во голема меѓународна конкуренција.

Забавниот парк Лизберг е избран и како еден од топ десетте забавни паркови во светот од страна на магазинот Форбс. Повеќе детали за овој забавен парк можете да прочитата на нивната веб страна: https://www.liseberg.com/

Ова е само една од многуте награди во рамките на наградната игра „Пекабета за цело семејство“ која ја организира најголемиот домашен производител на сувомесни производи, Пекабеско.

Три најсреќни семејства ќе одат во најубавите забавни паркови во Европа и тоа: забавниот парк Lisberg во Шведска, забавниот парк Phantasialend во Германија и забавениот парк Parque Warner во Шпанија.

Секоја недела ќе се доделуваат и телефони Samsung Note 9, ваучери од Kares во вредност од 10.000 денари, потоа маици, торби и капи Пекабета, како и друштвени игри Меморија.

Секој кој сака да учествува во наградната игра потребно е од 15.10 до 16.12 да купи една или повеќе Пекабета паштети и кодот од фискалната сметка да го испрати на 149 941 и порака со следнава содржина: тараба, број на фискална сметка, празно место, час и минута на купување – пример #____ (број на сметка) __:__ (час и минута на купување).

Производи кои учествуваат во наградната игра се Пекабета кокошја паштета, Пекабета кокошја пикант паштета и сет 2+1 Пекабета кокошја паштета кои можат да се купат низ цела Македонија. Цената на CMC порака изнесува 5,9 денари со вклучен ДДВ, а фискалната сметка задолжително треба да се зачува.

Од еден телефонски број може да се испраќаат НЕОГРАНИЧЕН број на СМС пораки, но една фискална сметка со некој од купените производи наведени може да учествува во наградната игра САМО ЕДНАШ.

Правилата за наградната игра може да ги прочитате детално на следниот линк: http://www.pekabesko.com.mk/b/17/nagradna-igra-pekabeta

Пекабета паштетите се најновиот член на Пекабеско семејството и се првите домашни паштети со премиум квалитет. Пекабета не содржи конзерванси и е направена од квалитетно кокошкино месо.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Голема наградна игра на Пекабеско: „Пекабета за цело семејство“