Помалку маснотии, уште подобар вкус: Ќофтиња од мисиркино месо

Помалку маснотии, уште подобар вкус: Ќофтиња од мисиркино месо

Вкусни, брзи, фантастични…

Состојки:

  • 300 гр мелено мисиркино месо
  • 1 помала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • малку цимет
  • соја сос
  • билно или кокосово масло

Начин на подготовка:

  1. Меленото месо измешајте го со сечкан кромид, иситнет лук, прстофат цимет и соја сос. Ако сосот не е пресолен, слободно досолете. 
  2. Со влажни раце обликувајте ќофтиња со големина на орев и печете ги во длабока тава во врело билно или кокосово масло.

     

  3. Кога ќе станат златно-кафеави, извадете ги и оставете ги кратко на кујнска хартија да се исцедат вишокот маснотии.

     

  4. Врелите ќофтиња можете да ги послужите со сос од брусница и сезонска салата.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text