Колач за 20 минути – милиони полудеа по него, брз е и светски

Колач за 20 минути – милиони полудеа по него, брз е и светски

Направете вкусен колач кој воодушеви милиони луѓе ширум светот.

Состојки:

  • 2 шолји брашно
  • 2 шолји шеќер
  • малку сол
  • 4 лажици какао
  • 200 гр. маргарин
  • 1 шолја врела вода
  • ½ шолји немасен јогурт
  • 2 јајца
  • 1 лажиче сода
  •  1 лажиче ванила

Глазура:

  • 175 гр. маргарин
  • 4 лажици какао
  • 6 лажици млеко
  • 1 лажиче ванила
  • 400 гр. шеќер во прав
  • сечени ореви за декорација

Подготовка:

  1. Во сад се става шеќер со брашно и сол, па на оган се става маргарин во сад да се стопи, а потоа се додава какао, врела вода и се остава 30 секунди да врие, па се става оваа мешавина во брашното и се лади.
  2. Се става во сад јогуртот, јајцата, сода и ванила, се мати и се додаваат сите останати состојки за бисквит.
  3. Се меша и се ставаат во тепсија со масло и се пече на 180 степени 20 минути.
  4. Се спрема преливот така што се топи маргарин на оган, се додава какао, се меша и трга од оган.
  5. Се става млеко со ванила, шеќер во прав, па се меша.
  6. Се ставаат и исечени ореви и се прелива бисквитот.
  7. Се лади, сече на коцки и служи.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text