Омиленото топло есенско јадење: Брза чорба од тиква

Омиленото топло есенско јадење: Брза чорба од тиква

Вкусна чорба со тиква, омиленото есенско јадење на секој од нас.

Состојки:

  • 500 гр. тиква
  • 1 лажица маргарин
  • 1,5 л. бујон од зеленчук
  • 1 кромид
  • 1 дл. павлака
  • малку сол, бибер, чили…

Подготовка:

  1. Се сече ситно кромидот и се сече тиквата на ситни делови.
  2. Се растопува на тава маргарин и се става кромидот, се динста, па кога ќе добие убава жолта боја се става тиквата со зачините, па се динста пак 5 минути.
  3. Се става бујон и се вари додека тиквата убаво не омекне.
  4. Се додава потоа слатка павлака кога ќе омекне и се крчка уште 1-2 минути, па се трга.
  5. Се става потоа цела чорба во блендер, а ако немате убаво се мати со жица.
  6. Совет: При служењето може да извадите парченца запечен леб или брускети, како и сланина.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text