Ви предлагаме здрава верзија на омилениот намаз – домашен лешник крем…
Состојки:
- 240 гр лешници
- 3 лажици мед
- 3 лажици какао
- 120 мл млеко
- 2 лажици арома ванила
- прстофат сол
Начин на подготовка:
- Лешниците печете ги 10 минути во рерна на температура од 180 степени (проверувајте да не се препечат). Излупете ги со сува крпа.
- Во блендер ставете ги прво лешниците, а потоа и сите останати состојки. Мешајте неколку минути додека не добиете намаз.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта