Врвен деликатес: Корпи од мелено месо со тиквички (Видео рецепт)

Врвен деликатес: Корпи од мелено месо со тиквички (Видео рецепт)

Направете вкусни корпи од мелено месо дома.

Состојки:

  • 1 тиквичка 
  • 1 домат 
  • 1 кромид 
  • 2 лажици масло 
  • 50 гр. кашкавал 
  • 40 гр. зденка 
  • 400 гр. мелено месо 
  • 1 јајце 
  • маргарин 
  • сол, бибер, оригано, босилек, магдонос

Подготовка:

  1. Меленото месо се меша со јајцето и со ситно сечениот кромид, па со сите зачини. 
  2. Се сече излупената тиквичка на коцки, се динста заедно со кромидот, се додава лупен и сечен домат и се крчка малку, па се лади. 
  3. Се формираат топчиња од меленото месо, се обликуваат во калапи за мафини подмачкани со маргарин. 
  4. Се полнат со лажица од смесата. 
  5. Се печат на загреана рерна на 180 степени. 
  6. Пред да се готови се става зденка и кашкавал и се запекуваат уште кратко.

 

 

Повеќе поврзани рецепти на Готви.Мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text