Подгответе вкусни топчиња кои ќе ги обожавате!
Состојки:
- 100 гр чоколадо
- 100 гр маргарин или путер
- 100 гр шеќер во прав
- 1 лажица кокос
- 3 лажици мелени лешници
- 4 лажици мелени бисквити
Начин
- На слаб оган или на пареа растопете чоколадо, маргарин и шеќер во прав кој задолжително треба да го просеете низ сито да нема грутки. Кога масата ќе биде глатка оставете ја да се излади, тогаш додајте кокос, лешници и бисквити, па соединете во глатка маса и правете топчиња.
- Можете да ги извалкате во кокос или лешници, или пак да ги потопите во чоколадо.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега