Брза кисела зелка од тегли: За 5 дена е готова и совршена

Брза кисела зелка од тегли: За 5 дена е готова и совршена

Нема веќе долго чекање…

Состојки (количината зависи од тоа колку тегли сакате да наполните, а теглите треба да бидат што поголеми):

  • зелка
  • морквои
  • сол
  • целер
  • малку вода

Начин на подготовка:

  1. Прво исчистете ја зелката на следниот начин: од секоја главица зелка откинете ги горните два реда листови, добро измијте ги и ставете ги цели на дното од теглите. Останатата зелка исечкајте ја и измешајте ја со рендани моркови и исечкани струкови целер. 
  2. Зелката прекријте ја со сол и притиснете во теглите до врв. Поставете по еден камен за притисок во теглите и залијте со благо посолена млака вода, која треба да ја прекрива зелката во висина од еден прст. 
  3. Ставете ги теглите во кујна на топло, а грлата покријте ги двојно со газа и гума. После 4-5 дена киселата зелка е спремна за консумирање.

Повеќе поврзани рецепти на Готви.Мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text