Ручек за десетка: Авганистански ќебапи

Ручек за десетка: Авганистански ќебапи

За сите љубители на месо, овој оброк е нешто совршено.

Состојки:

  • 1 кг мелено месо
  • 1 кг варени компири
  • 3 жолчки
  • 1 варено јајце
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажички сода бикарбона
  • сол
  • бибер
  • сечкан магдонос
  • 3 белки

Состојки за прелив:

  • 1 кисела павлака
  • 1 чешне лук
  • сок од 1 лимон
  • 200 гр мајонез
  • малку магдонос

Начин на подготовка:

  1. Варените компири изгмечете ги како за пире. Додајте мелено месо, жолчки, варено јајце и останати состојки. Сè добро замесете. Оставете во фрижидер 1 час добро да се соедини. 
  2. Потоа вадете од смесата со раце и обликувајте ќебапи. 
  3. Посебно разматете 3 белки па потопете ги ќебапите во белки и во презла и пржете ги на врело масло. 
  4. За прелив: Разматете 1 кисела павлака, лук, мајонез, сок од лимон и магдонос. Сè прелијте преку готовите ќебапи или сервирајте во чинија за сос заедно со ќебапите.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text