Вкусен ручек за сите сетила, месо со совршени додатоци.
Состојки:
- 4 шницли свински
- 600 гр. карфиол
- 100 гр. кашкавал
- 100 гр.путер
- 65 гр. брашно
- 250 мл. млеко
- презла за поховање
- масло
- сол и бибер
Подготовка:
- Се обарува главицата карфиол во солена вода.
- Се става сол и бибер на шницлите и се обработуваат со чекан, па се валкаат во брашно и се пржат на загреано масло и путер.
- Се вадат и редат во тава со масло.
- Се става на тава 50 грама путер да се стопи, се додаваат 25 гр. брашно и се меша, па се става млеко, сол и бибер и се меша да добие густина.
- Се сече обарениот карфиол, се става во бешамелот врз месото, па се ренда кашкавал и се прска малку презла.
- Се пече 30 минути на 220 степени.