Најубавиот пенаст колач: Вкусен десерт кој ќе го правите секогаш

Најубавиот пенаст колач: Вкусен десерт кој ќе го правите секогаш

Воздушест колач прелиен со какао прелив…

Состојки за кора:

  • 5 жолчки
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша леко
  • 1 чаша масло
  • 1,5 чаша брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 2 лажици какао

Состојки за фил:

  • 5 белки
  • 15 лажици шеќер

Состојки за прелив:

  • 100 гр чоколадо
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици млеко
  • 1 лажица маргарин

Начин на подготовка:

  1. За кора: Постепено матете јајца и шеќер, па додавајте млеко, брашно, масло, прашок за печиво и какао. Кога сè ќе биде разматено во глатка смеса, ставете во намастен плех и печете на 200 степени додека не порумени. 
  2. За фил: Белките пенасто разматете ги со шеќер така што ќе добиете цврст снег. Тоа ставете го на топлата кора. Исклучете ја рерната и исушете. Кога смесата ќе биде доволно цврста извадете од рерна. Кога ќе се излади прелијте со глазура од чоколадо, шеќер, млеко и маргарин. 
  3. Ставете во фрижидер добро да се излади и стегне. Исечете на коцки и послужете.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text