Пилешки џигер со ориз

Пилешки џигер со ориз

Едноставно и вкусно јадење…

Состојки:

  • 20 гр путер
  • 150 гр ориз
  • сол
  • бибер
  • 5 лажици масло
  • 1 главица кромид
  • 450 гр пилешки џигер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го и испржете го на масло. Кога малку ќе омекне, додајте џигер исечкан на парчиња. Зачинете, динстајте 7-8 минути, па налијте со многу малку вода. Динстајте на тивок оган 20 минути. 
  2. Во тенџере ставете 4 дл вода, малку сол и путер да зоврие. Потоа додајте измиен ориз и гответе во поклопено тенџере на тивок оган околу 20-25 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text