Плескавици од компири со тајни состојки (Видео)

Плескавици од компири со тајни состојки (Видео)

Направете ги највкусните плескавици од обично пире од компири.

Состојки:

  • 1/2 кг компири
  • 250 гр бело пилешко месо
  • масло
  • 1 јајце
  • 100 гр презла
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 мала лажичка црвена пипер
  • сол
  • бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо сомелете го, а компирите згответе ги во лушпа, излупете ги и веднаш изгмечете ги. Додајте ситно сечкан кромид и лук, пипер, бибер, сол, 4-5 лажици презла, јајце и сечкан магдонос. 
  2. Намастете послужавник со масло. Добро замесете ја смесата и правете топчиња, а потоа формирајте плескавици. Кога ќе ги правите плескавиците рацете намастете ги со масло. 
  3. Загрејте масло во тава, а секоја од плескавиците провлечете ја низ презла и пржете ги додека не поруменат. 
  4. Вадете ги на хартиени салфети. Послужете ги топли како главно јадење или како прилог.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо