Кралски коцки со освежувачки крем: Овој брз десерт морате да го пробате

Кралски коцки со освежувачки крем: Овој брз десерт морате да го пробате

Се прави прилично едноставно, а воодушевува со вкусот…

Состојки за тесто:

  • 9 белки
  • 200 гр печени лешници
  • 4 лажици брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 9 лажици шеќер

Состојки за крем:

  • 9 жолчки
  • 200 гр шеќер
  • 2 лажици какао
  • 100 гр млечно чоколадо
  • 250 гр путер
  • 2-3 лажици шеќер во прав
  • шлаг за декорација

Начин на подготовка:

  1. Разматете белки со шеќер. Кога ќе добиете цврст снег, измешајте сечкани печени лешници – можете да ги изблендирате, па ќе бидат и крупни и ситни. На крај додајте брашно и прашок за печиво, измешајте и испечете кората на 180 степени додека фино не порумени (тестирајте со чепкалка). 
  2. Жолчки, шеќер, чоколадо и какао ставете да се растопат и готват на пареа, па кога масата ќе згусне оставете да се излади. Разматете путер со шеќер во прав, па лесно додајте го изладениот крем. Матете додека кремот не стане глатка смеса. 
  3. Преку печената кора распоредете го целиот крем, а од горе украсете со разматен шлаг и декорирајте по желба.

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

singlepost_text