Ледолино десерт: Без печење, ледено уживање готово за миг

Ледолино десерт: Без печење, ледено уживање готово за миг

Леден десерт без печење.

Состојки:

  • 500 мл. млеко
  • 500 мл. слатка павлака
  • 12 лажици густин
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 100 гр. бело чоколадо
  • 4 лажици шеќер
  • 1 кутија пишкоти

Подготовка:

  1. Се меша млекото со слатката павлака, а од таа количина се одземаат само 2 децилитри.
  2. Тие се мешаат со густин и шеќер.
  3. Остатокот се става да зоврие, па се става густин смесата. Се згуснува кремот и не е потребно да се  вари долго.
  4. Се дели на два дела, во едниот се става црно, во другиот бело чоколадо.
  5. На дно на калап за торта се ставаат пишкоти со млеко потопено, па се става темен, па бел крем, или обратно во зависност од тоа како сакате.
  6. Се лади и служи.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

singlepost_text