Вкусен ручек за дваесетина минути од вашата кујна, со тиквички кои се хит секое лето.
Состојки:
- 2 јајца
- 1 дл. млеко
- ½ дл. масло
- 120 гр. брашно
- 250 гр. рендани тиквички
- 200 гр. сирење
- сол
- вегета
Подготовка:
- Се матат јајцата со млеко и со масло, па постепено и брашно.
- Се меша и се додаваат тиквички и изронето сирење, па се става сол и вегета, се прават со рака плескавички и се редат на хартија на плех за печење.
- Се печат на 220 степени кратко додека не поруменат.
- Излегуваат околу 12.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Постои еден трик за да не се згусне оризот