Проверено добра: Вкусна торта готова за 20 минути, без печење

Проверено добра: Вкусна торта готова за 20 минути, без печење

Има едноставно име – Песок торта, а уште полесно се спрема!

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 4 пудинга од ванила
  • 330 гр шеќер
  • 1 маргарин
  • 200 гр бисквити
  • 200 гр кокос
  • 200 гр ореви
  • шлаг

Начин на подготовка:

  1. Количината состојки, секако, зависи од големината на колачот кој сакате да го направите, но битно е да го сочувате наведениот сразмер. 
  2. Воглавно, треба да зготвите 4 пудинга од ванила, но не според упатството на кесичката, туку во 1 л млеко. Пудингот изладете го и во него додајте маргарин, пенасто разматен со шеќер. 
  3. Смесата поделете ја на три дела. Во еден додајте кокосово брашно, во друг ореви, а во трет мелени бисквити. Треба да додадете толку состојки за пудингот да биде доволно цврст. 
  4. Во прикладен капал за торта прво ставете крем со бисквити, преку крем со кокос, а на крај со ореви. 
  5. На крај разматете шлаг и украсете ја тортата, оставете да стегне и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text