Леб од вашата рерна, кората е посебна – ваков не сте јаделе

Леб од вашата рерна, кората е посебна – ваков не сте јаделе

Направете леб со посебно крцкава кора.

Ваков не сте јаделе.

Состојки:

  • 25 гр. свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 200 мл. топла вода
  • 350 гр. брашно
  • 2 лажици масло
  • 1 лажиче сол
  • 1 белка за премачкување
  • 1 лажица ладна вода за горе
  • 1 лажица пченично брашно

Подготовка:

  1. Во топлата вода со шеќер се става квасецот да се активира, па се мешаат посебно брашното и масло со сол, па потоа се става и квасецот.
  2. Се меси тесто кое треба да е меко, а да не се лепи.
  3. По потреба додавајте си брашно.
  4. Се остава да нарасне тестото, се премесува и се става на плес за печење.
  5. Се става горе пченично брашно, се остава да нарасне малку, па се прави векна.
  6. Се загрева рерната на 200 степени и се премачкува векната со ладна вода и со белка.
  7. Се прават засеци и се пече.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

 

 

 

singlepost_text