Ќе го обожавате овој лесен оброк…
Состојки:
- 300 гр сечкани брокули
- 4 јајца
- 1/4 шолја сирење
- 1 главица кромид
- 1 лажица млеко
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Брокулите ставете ги во поклопен сад и загрејте 2-3 минути на најголема јачина во микробранова, измешајте еднаш. Исцедете го сокот кој се создал.
- Јајцата разматете ги и измешајте ги со ситно сечкан кромид, млеко, дробено сирење, сол и бибер и ставете преку брокулите.
- Садот прекријте го и печете 4-5 минути на 70% јачина на микробранова, мешајте 2-3 пати. Оставете да отстои 3-5 минути и сервирајте.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство