Највкусен банана ролат од неколку состојки

Највкусен банана ролат од неколку состојки

Извонреден ролат колач со банани и крем.

Ова е рецептот кој често ќе го правите.

Состојки:

  • 7 јајца
  • 100 гр. шеќер (+ 7 лажици)
  • 15 лажици брашно тип 550
  • 100 гр. мелени ореви (+ седум лажици)
  • ½ л. млеко
  • ½ прашок за пециво
  • 250 гр. маргарин
  • 1 лимон
  • 4 банани

Подготовка:

  1. Се делат за бисквит жолчките од белките, па белките се матат во снег.
  2. Се матат жолчките со седум лажици шеќер со рака, па се става снегот од белки, а потоа се ставаат седум лажици брашно и се меша со жица, па прашок за пециво и седум лажици ореви.
  3. Се става во плех со хартија и се пече на 200 степени 15 минути.
  4. Се двојат 200 милилитри млеко, а останатото се вари. Се додаваат во млекото кое се вари, 100 грама шеќер, па другото млеко измешано со 8 лажици брашно.
  5. Нека се згусне се на оган и додајте растопен маргарин и сок од лимон.
  6. Се лупат бананите и се прскаат со малку сок од лимон, па се премачкува бисквитот со кремот.
  7. Се ставаат по две банани и се виткаат како ролат на средина.
  8. Горе ролатот се премачкува со остатокот од кремот и се ставаат ореви за декорација.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

singlepost_text