Кога летните температури ќе преминат во црвена зона спас бараме во освежувачки напитоци. Една од најдобрите е комбинацијата од лимон и разно овошје, а со босилек и нане ќе бидете воодушевени.
Состојки:
- 2 шолји јагоди (околу 500 гр)
- неколку гранчиња свежа мента
- сок од 2 лимони
- 2 лажички засладувачи по избор (мед, шеќер, јаворов сируп)
- лимета
- боисилек
- 5 јагоди за декорација
- 3 шолји мраз
Начин на подготовка:
- Јагодите и билките добро измијте ги и исушете ги. Јагодите исечкајте ги на парчиња и ставете ги во блендер. Додајте листови мента и измешајте заедно, а потоа процедете ја мешавината низ сито.
- Лимонот исечете го и исцедете го сокот. Додајте засладувач по желба и босилек, добро измешајте и ставете во 7 дл вода.
- Додајте сок од лимета, неколку листови нане и парчиња јагоди во подготвената лимонада.
- Мразот иситнете го со помош на јак миксер и пред послужување ставете во лимонадата од јагоди.
- Доколку сакате, пред сервирање можете да додадете парче лимон и неколку гранчиња свежи билки.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта