Време е за најслаткото летно овошје – грозје, црно и бело, сочно и слатко. Ако сакате да го зачувате ова превкусно овошје за зима ова е вистинскиот рецепт за вас.
Состојки:
- 5 кг бело грозје
- 3,5 кг шеќер
- 4 л вода
- 2 конзерванси
Начин на подготовка:
- Грозјето исчистете го од петелки и добро измијте го. Теглите исто така измијте ги, па наполнете ги со грозје. Во длабок сад соединете вода и шеќер, па гответе додека шеќерот не се растопи, а водата не зоврие.
- Во зготвениот сируп измешајте конзерванс и оставете да се излади. Залијте го грозјето со сируп, па теглите затварајте ги со целофан.
- Дно од тенџере прекријте со кујнски крпи, наредете ги полните тегли и од горе прекријте ги со крпи. До половина на тенџерето ставете вода и гответе на умерен оган додека целофанот не се подигне. Кога целофанот ќе се подигне, теглите извадете ги од тенџере, и оставете ги да се изладат. Компотот може да се прави и од црно грозје и од мешавина од црно и бело грозје.
Уживајте!
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи