За следниот ручек ви предлагаме да направите јунешко во вино.
Состојки:
- 1 кг јунешки шницли
- презла по потреба
- 1 дл црно вино
- 2 јајца
- 3-4 чешниња лук
- масло
- магдонос
Начин на подготовка:
- Јунешките шницли посолете ги и побиберете ги. Посипете ги со презла. Разматете јајца. Шницлите извалкајте ги во јајца, па во презла, а потоа пржете ги во врело масло додека не фатат кора.
- Месото ставете го во огноотпорен сад, залијте со вино и малку вода, така што месото ќе биде прекриено во течност. Додајте и две лажици масло. Секоја шницла посипете ја со лук и магдонос и посолете по желба.
- Поклопете го садот и месото динстајте го во рерна 35 минути на 200 степени.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо