Черкеско пиле е класичен рецепт, кој го смислиле Черкезите, народ од кавкаските планини, а усвоен е од страна на царската османска кујна.
Ова „царско јадење“ обично се спрема како главно јадење, но многу е згодно послужено и како предјадење или мезе.
Состојки:
- 1 цело пиле или 2 парчиња поголеми пилешки гради
- 1 главица кромид со средна големина
- 1/2 лажичка бибер во зрно
- 5 чаши вода
- морков, целер, пашканат по желба
- 300 гр крупно мелени ореви
- 2 чешниња лук
- 4 парчиња бајат леб (средината без кори)
- 1,5 чаша пилешка супа
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка коријандер во прав
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка црвена пипер
Начин на подготовка:
- Градите или пилешкото исечкано на парчиња ставете го во лонец, налијте вода, додајте кромид и бибер во зрно. Гответе на среден оган додека месото не омекне. Вареното месо процедете го и оставете го да се излади. Потоа месото одвојте го од коски и со раце исцепкајте на ленти.
- Коцките бајат леб ставете ги во длабока чинија па прелијте со водата во која се варело пилешкото, додајте изгмечен лук, изгмечени ореви, зачини и исцепакно месо па добро соединете.
- Пилешкото префрлете го на чинија за сервирање. Посебно загрејте маслиново масло и во него додајте црвена пипер, па со тоа прелијте го пилешкото. Украсете со магдонос.
- Може да се служи и топло и ладно, како предјадење или како главно јадење.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо