Љубителите на сарма од сега можат да уживаат и во лесна варијанта на ова вкусно јадење.
Состојки:
- 1 главица зелка
- 2 јајца
- 1/2 шолја млеко
- 2 шолји обварен ориз
- 500 гр печурки
- 1 главица кромид
- 1 лажица оригано
- 1 лажица босилек
- 1 морков
- 1 тиквица
- сол
- бибер
- 250 гр домати без кори и семки
- 2 лажици сок од лимон
Начин на подготовка:
- Зелката разделете ја на листови и бланширајте ги сите во солена вода. Отсечете го средниот дел ако е премногу дебел.
- Морковот и тиквицата изендајте ги. Во посебен сад измешајте јајца со млеко, ориз, печурки, кромид, зеленчук и зачини.
- Добро замесете и со издробената смеса полнете ги сармите. Сармите наредете ги во длабоко тенџере и прелијте со сос од домати.
- Гответе ги сармите на слаб оган околу еден час.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи