Директно од Грузија на вашата трпеза дома. Ова не е пица туку леб полн кашкавал и тесто кое се топи во уста.
Ачарули Хачапури е неговото име, а е традиционално полнет леб во Грузија.
Состојки:
- 6 јајца
- 1 шолја вода
- 2,5 шолји брашно
- 1 лажиче сода
- 1 лажиче сол
- 250 гр. путер
- 300 гр. кашкавал
- 250 гр. сирење
Подготовка:
- Се сее брашното и се додаваат четири јајца со вода со сол и сода, па се меси тесто, кое се дели на 4 топки кои се оставаат да нараснат.
- Се расукува секоја топка тесто и се става доста вода во тенџере, па се ставаат корите да се сварат.
- Се вари секоја кора две три минути, па се вади и се става во сад со ладна вода.
- Потоа се става на чиста крпа.
- Се подмачкува тепсија округла како за пица со путерот и се става првата кора, па путер, па втората кора, па кашкавал и сирење рендани и путер стопен.
- Се ставаат и другите две кори со иста постапка.
- Горе се става доста кашкавал и сирење и путер и се прелива со изматените две јајца и путерот кој ќе ви остане.
- Се пече 20 минути на 180 степени.
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси