Вкусни пилешки медаљони со шунка и сирење.
Состојки:
- 1 кг пилешки гради
- малку зачин
- 200 мл кисела павлака Пекабела
- 2 лажички сенф
- 2 лажички мајонез
- 300 гр шунка Пекабеско
- 300 гр трапист сирење
- бибер
- брашно
- јајца
- презла
- 2-3 обланди
Начин на подготовка:
- Месото исечкајте го во шницли и исчукајте ги да бидат доста тенки, посипете со зачин и оставете да отстојат половина час.
- Во меѓувреме во сад измешајте павлака, сенф, мајонез, бибер, шунка исечкана на коцки и крупно рендано сирење.
- Обландите ставете ги меѓу влажни крпи да омекнат, наредете шницли, премачкајте со фил и свиткајте. Ролатите ставете ги три часа во замрзнувач.
- Заледените ролати исечкајте ги на ширина од еден прст и поховајте ги на умерен оган.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна