Колач излезен од бајките директно на вашата трпеза.
Ова е рецептот кој освои многумина:
Состојки:
- 200 гр. наполитанки
- 10 лажици шеќер
- 1 л. млеко
- 350 гр. шлаг во прав
- 2 кеси желатин
Подготовка:
- Се варат млекото и шеќерот, па се ладат.
- Се мати желатинот со малку млеко, па се става во свареното.
- Се става смесата во сад за матење и се додава прашокот за шлаг и се мати со миксер, па се става во калап дел од смесата, а врз него вториот дел во кој ќе ги измешате изронетите наполитанки.
- Се стега во фрижидер.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта