Супер колач кој не се пече.
Потребни ви се неколку намирници:
Состојки:
- 2 пудинзи од ванила
- 2 лажици брашно
- 2 лажици густин
- 100 гр. шеќер
- 1 л. млеко
- 250 гр. маргарин
- 200 гр. еурокрем
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 5 крем банани
- 700 гр. бисквити
- 2 портокали (сок)
- 2 шлаг пени
- 250 мл. млеко
Подготовка:
- Се меша пудингот со брашно и малку млеко, останатото млеко се вари и се става пудингот.
- Се додава маргаринот, па се дели флот на три дела.
- Во едниот се става еурокрем, во другиот исечени крем банани и во третиот изрендано чоколадо.
- Бисквитите се ставаат во сок од портокал, се става еден ред, па фил, па втор ред бисквити па другиот фил, и трет ред и третиот фил.
- Се премачкува колачот со шлаг кој се мати со млеко.
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега