Кикирики мињони без печење, готови за миг: Им успеваат на сите, а еве трик како да изгледаат совршено

Кикирики мињони без печење, готови за миг: Им успеваат на сите, а еве трик како да изгледаат совршено

По желба од горе можете да ги нашарате со бело чоколадо или посипете со мелени кикирики.

Состојки:

  • 250 гр бисквити
  • 150 гр кикирики
  • 1/4 маргарин
  • 8 лажици шеќер
  • 2,5 дл млеко
  • 100 гр млечно чоколадо
  • 1 лажица масло

Начин на подготовка:

  1. Ставете млеко, шеќер и маргарин да зоврие. Тргнете од оган па додајте мелени бисквити и мелени кикирики. Сè добро соединете и измешајте. На тацна или даска ставете фолија па топлата смеса со сукало раширете ја на дебелина од 2 см. Оставете во фрижидер да се излади и стегне барем два часа. 
  2. Откако ќе се излади, извадете па отсечете ги краевите, па дури потоа сечете на коцки, сите да бидат убави и еднакви. 
  3. Растопете чоколадо со масло па сè убаво измешајте. Земете чепкалка па потопете ја во чоколадо, забодете коцка и потоа потопете ги коцките во чоколадо, па чепкалката забодете ја во парче стиропор. Така нема да останат траги од прсти и нема да остане неискористено чоколадо. 
  4. По желба од горе можете да ги нашарате со бело чоколадо или посипете со мелени кикирики.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text