Земете дел од намирниците кои секогаш ги имаме во кујна и направете го највкусниот појадок.
Состојки:
- 500 гр. брашно
- ½ квасец
- 1 лажиче шеќер
- сол
- 1 лажица масло
- 1 јајце
- вода по потреба
Подготовка:
- Се ставаат сите состојки во вангла и се мешаат да биде се соединето и меко.
- По потреба се става вода ако е густо.
- Се вади од смесата со лажица и се пржат форми на масло, па се цедат на салфета.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид