Домашно трилече – брз рецепт за популарниот десерт во вашиот дом

Домашно трилече – брз рецепт за популарниот десерт во вашиот дом

Направете го фамозниот десерт трилече, по домашен и евтин рецепт.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 100 гр. шеќер
  • 200 гр. брашно
  • ½ кесе пециво
  • 1 ванилин шеќер

Прелив:

  • 400 мл. слатка павлака
  • 300 мл. кондензирано млеко
  • 800 мл. млеко

Горе:

 

  • 300 гр. карамел

Подготовка:

  1. Се матат белките и се додава шеќер и ванилин шеќер, па се ставаат едно по едно и жолчките и се додава постепено брашното измешано со прашок за пециво.
  2. Се миксира по додавањето на брашното на најслабата брзина на миксерот и се става смесата во плех со хартија, па се пече 25 минути на 180 степени.
  3. Во тепсија ставете ја слатката павлака, па ставете го пандишпанот наопаку, оставете 10 минути да се впие.
  4. Измешајте ги двата вида млеко и ставете ги на пандишпанот, па кога ќе пие ставете го карамелот.
  5. Оладете и послужете.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

 

 

 

singlepost_text