Одлична комбинација на проја и вкусен зеленчук.
Состојки:
- 1,5 шолја пченкарно брашно
- 1,5 шолја пченично брашно
- 1 шолја гриз
- 4 јајца
- 150 гр шунка Пекабеско
- 2 свежи црвени пиперки
- 3-4 кисели краставички
- 150 гр кашкавал
- 1/2 шолја масло
- 2 шолји вода
- 1 кесичка прашок за печиво
- сол
Начин на подготовка:
- Разматете јајца, додајте ги двата вида брашно и гриз, масло, вода и прашок за печиво, и посолете по вкус.
- Потоа додајте шунка исечкана на коцки, пиперки, краставички и кашкавал, исто така исечкани на коцки.
- Смесата ставете ја во намастена тепсија и печете на 200 степени, околу 45 минути до еден час.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот