Едноставно и брзо, а навистина сочно. Ако сакате ваква комбинација тогаш за вас е овој едноставен рецепт за макарони со превкусен сос од печурки.
Не само што е вкусно, туку е и економично и не троши многу време.
Добро е и за оние кои не јадат месо.
Состојки:
- 500 гр. шампињони
- 1 кромид
- 200 мл. павлака за готвење
- 200 мл. вода
- 2 лажици брашно
- сол
- бибер
- вегета
- 400 гр. тестенини
Подготовка:
- Се чистат шампињоните и се мијат под вода, па се сечат.
- Се варат макароните во солена вода и се цедат.
- На масло се пржи кромидот ситно сечен, па се додаваат печурките и зачините.
- Се додава и вода и се чека се убаво да зоврие и крчка.
- Се става и павлаката со брашно, па се убаво се вари.
- Се служи врз тестенините на чинија.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки