Ќе го правите постојано: Ќофте ќебап со мелено месо и зеленчук

Ќе го правите постојано: Ќофте ќебап со мелено месо и зеленчук

Вкусен ручек кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 1/2 кг мелено месо
  • 1 помала главица кромид
  • малку лук
  • 2 модри патлиџани
  • 6 компири
  • 2 домати
  • 100 мл дометен сос
  • малку павлака
  • зачини
  • 1 јајце
  • 1 пиперка

Начин на подготовка:

  1. Компирите исечкајте ги на малку подебели круови. Посолете ги и испржете ги на масло, па оставете ги на страна. Патлиџаните измијте ги и посолете ги за да ја пуштат горчината, па и нив исечете ги на кругови и испржете ги како и компирите. 
  2. Месото ставете го во сад, додајте кромид, јајце, презла и зачини по желба. Правете мали ќофтиња, па и нив испржете ги на масло. 
  3. Подгответе средна тепсија, а доматите исечете ги на парчиња и посолете ги. Во тепсијата ставете едно ќофте, па до него 2 парчиња компири, патлиџан, домат, па повторно ќофте. Редете додека не ги потрошите намирниците. 
  4. Загрејте ја рерната. Во чаша со врела вода измешајте доматен сос со малку зачин, па со смесата прелијте го јадењето. 
  5. Печете во загреана рерна окоилу 20 минути. Потоа прелијте со павлака па повторно вратете во рерна уште на кратко.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text