Вкусна и брза гибаница со блитва која е мека како душа, а за неа не е потребно долго да е вклучен шпоретот.
Состојки:
- 500 гр. кори за пита
- 400 гр. сирење
- 1 дл. јогурт
- 1 дл. кисела вода
- 4 јајца
- 1 дл. масло
- 300 гр. блитва
Подготовка:
- Се матат јајцата со јогурт и кисела вода и малку сол по вкус.
- Се става една третина од корите во подмачкан плех, па се става масло на секоја кора, односно се прска со масло.
- Се става половина иситнето сирење и сечена блитва, па се повторува постапката додека има смеса.
- Се става горе смесата со јајцата и се пече на 180 степени половина час.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: