Шеќерната паста за депилација е природно и евтино средство кое ќе ги отстрани сите несакани влакна брзо и лесно, со што нема да плаќате веќе за овие третмани.
Кожата ќе биде нежна и мазна и нема да се создадат поткожни влакна.
Состојки:
- ¼ шолји сок од лимон
- ¼ шолји вода
- 2 шолји шеќер
Постапка:
- Сите состојки се ставаат во длабок сад и се ставаат да се варат со постојано мешање. Треба да зовријат па по 4-5 минути се тргаат од оган и се ставаат во метален сад.
- Се лади и потоа се почнува со депилација.
- Измијте ги нозете или рацете темелно и убаво. Може да ставите и детска пудра за кожата дополнително да се исуши.
- Внимавајте влакната да не се пократки од 5 мм.
- Ставете од пастата, внимавајте да не е врела, па земете траки за депилација кои се купуваат по аптеки и маркети, или чиста крпа.
- Ставете ја врз премачканото место и потегнете спротивно на растот на влакната.
- Потоа измијте се по депилацијата со ладна вода.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Сода бикарбона – замена за 8 скапи препарати за нега
Како да ја отстраните бојата за коса која не ви се допаѓа?
Брз пилинг за меки усни – Ви требаат само 2 состојки
Природна маска за отстранување на митесерите од носот
Ослободете се од стресот со 5 минутна масажа на прстите