Ако сакате брзо да подготвите вкусен ручек за малку пари, еве идеален рецепт за вас.
Состојки:
- 1 пакување макарони
- 300 гр сирење
- 2 јајца
- сол
- зачини
Начин на подготовка:
- Макароните згответе ги во солена вода. Кога ќе бидат готови, процедете ги.
- Во сад разматете јајца и додајте издробено сирење и зачини по вкус.
- Макароните ставете ги во плиток огноотпорен сад и прелијте ги со јајца и сирење. Ставете во загреана рерна 15 минути да се запечат.
- Ручекот е готов кога ќе фати убава кора на макароните.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство