Рецепт за едноставна овошна торта која се топи во уста.
Се прави со овошен јогурт, не ви е потребно да ставите ни овошје.
Состојки:
- 1 пакување пандишпан темен
- 1 л. овошен јогурт
- 400 мл. слатка павлака
- 2 кеси желатин
- 200 гр. еурокрем
- малку сок од портокал
Подготовка:
- Се меша желатинот со осум лажици ладна вода и се остава десет минути да набабри.
- Потоа се загрева на тивка температура додека не се растопи, но не смее да зоврие.
- Се мати слатката павлака.
- Се става кора, па крем, па слатка павлака помешана со овошен јогурт.
- Се повторува постапката со исечениот пандишпан, па се става најгоре третата кора и се попрскува со малку сок.
- Декорирајте по избор.
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега