Изненадете ги гостите со брз и неодолив десерт!
Состојки:
- 6-7 парчиња наполитанки
- 700 мл свежо млеко
- 100 гр млечно чоколадо
- 60 гр пченкарен скроб
- 20 гр путер
- 100 гр чоколадо за глазура
Начин на подготовка:
- Ова е рецепт за многу брза и лесна торта.
- Долг калап за леб прекријте со провидна фолија и ставете еден ред наполитанки.
- Подгответе крем. Млекото и чоколадото ставете ги во тенџере и на слаб оган мешајте додека чоколадото целосно не се растопи.
- Претходно растворете пченкарен скроб во малку млеко или вода и кога чоколадото ќе се растопи и смесата ќе биде добро загреана додајте го скробот во тенок млаз. Мешајте додека не згусне и на крај додајте путер.
- Прелијте го првиот слој наполитанки со крем, ставете втор слој, па прелијте го и него.
- Замотајте со фолија од горе и оставете неколку часа во фрижидер. Кога ќе се излади прелијте со глазура од чоколадо.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта