Кремасто пилешко рижото

Кремасто пилешко рижото

Препорака за вкусен оброк – подгответе кремасто пилешко рижото.

Состојки:

  • 200 гр пилешко филе
  • 300 гр ориз (за рижото)
  • 1,5 л пилешки бујон
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 1 лажица кисела павлака Пекабела
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во тава, на врело маслиново масло, додајте кромид и пржете додека не омекне. 
  2. Пилешкото исечкајте го на коцки, додајте во го во тавата и пржете две минути. Додајте ориз, зачинете со сол и бибер и мешајте оризот да впие малку маснотија. 
  3. Потоа мешајќи, постепено доливајте врел пилешки бујон додека оризот не набабри и не омекне. 
  4. Пред самиот крај на готвењето, во рижотото измешајте сечкан магдонос, малку маслиново масло, кисела павлака. Тргнете од оган, поклопете и оставете да отстои пет минути пред послужување.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак

singlepost_text