Направете вкусен ручек со модар патлиџан.
Ролнички кои се топат во уста.
Состојки:
- 2 модри патлиџани
- 50 гр ориз
- 2 кромиди
- 3 чешни лук
- малку сол
- малку босилек
- 100 гр доматно пире
- 150 гр мелено месо
- 5 лажици масло
- 3 лажици павлака
- 100 мл бело вино
- бибер
Подготовка:
- Се лупат и сечат модрите патлиџани на тенки кришки, им се става сол па се оставаат да пуштата вода, а во меѓувреме се вари оризот и се сече кромидот со лук, па на масло се пржат кромидот и лукот, месото, па на крај босилекот.
- Се трга од рингла, се става павлака, па исцедениот ориз и се загрева рерната на 200 степени.
- Се става од филот на секое парче модар патлиџан, па се прави ролничка.
- Се редат во подмачкан огноотпорен сад, па се става вино.
- Се печат 15 минути, а пред крај горе им се става пармезан.
- Се служат со доматно пире.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk: