Вкусно и едноставно јадење кое ќе ги воодушеви сите домашни!
Состојки:
- 1 кг млади тиквици
- 1 главица кромид
- 1 веза магдонос
- 3 дл јунешка супа
- 2 дл павлака
- 2 лажици масло
- 1 лажица брашно
- мешавина од зачини
Начин на подготовка:
- Тиквиците излупете ги и исечкајте ги на коцки, а магдоносот и кромидот ситно исечкајте ги. На малку масло пропржете го кромидот додека не стане стакласт, а потоа додајте тиквици и динстајте со повремено доливање супа додека не омекнат.
- Динстаните тиквици зачинете ги по вкус, додајте магдонос и павлака и посипете со малку брашно и кратко згответе за масата да се згусне.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт